Австрија разви вакцина против сите соеви на коронавирусот

Новата вакцина од Австрија заштитува од сите варијанти на коронавирусот, соопшти „Еуроком ПР“, меѓународна комуникациска мрежа од Виена.

Тим научници од Медицинскиот универзитет во Виена разви нов тип вакцина против вирусот САРС-КоВ-2, а според податоците од претклиничките студии, ефикасна е против сите варијанти на вирусот, вклучувајќи ја и омикрон.

Медиумите наведуваат дека додека постојните генески вакцини против ковид-19 предизвикуваат главно привремен имунолошки одговор, оваа вакцина обезбедува создавање долготрајни антитела.

„Се стекнува траен имунитет и против стари и против нови варијанти на коронавирусот. Активните компоненти на вакцината го зајакнуваат имунолошкиот одговор и го блокираат ширењето на вирусот“, појасни водачот на истражувањето, Рудолф Валента од Центарот за патофизиологија, инфектологија и имунологија.

Истражувањето што му претходеше на развојот на вакцината се заснова на повеќедецениско знаење од областа на алергиските болести. Резултатите се објавени во медицинското списание „Алерџи“.

enauka.mk
9,241наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,798денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.