Воскресение на изумрениот волнен мамут! Биолозите со нов амбициозен план

Можат ли да воскреснат исчезнатите видови? Една бионаучна фирма тврди дека можат, објавувајќи ја во понеделникот својата намера да го вратат волнениот мамут во арктичката тундра.

Компанија „Colossal“, искористувајќи го партнерството со генетичар од Харвард, објави дека своите напори ќе ги насочат кон изработка на план за враќање на оштетените или изгубените екосистеми и со тоа да помогнат да се забават или дури и да се запрат ефектите од климатските промени.

„Никогаш порано човештвото не можеше да ја искористи моќта на новите технологии за обнова на екосистемите и за заздравување на нашата планета и зачувување на нејзината иднина преку повторно населување на изумрените животни“, рече извршниот директор и ко-основач на Колосал, Бен Лам.

„Покрај тоа што ќе ги вратиме древните исчезнати видови, како волнениот мамут, ќе можеме да ги искористиме нашите технологии за да помогнеме во зачувувањето на критично загрозените видови кои се на работ на истребување“, додаде тој.

Волнените мамути шетале низ поголемиот дел од Арктикот и коегзистирале со првобитните луѓе, кои за да се прехранат, ги ловеле џиновските тревојади и ги користеле нивните заби и коски како алатки.

Животните изумреле пред околу 4.000 години. Со децении, научниците собираа делови од нивните заби, коски и крзно во обид да извлечат и да ја секвенцираат ДНК на мамутот.

Од Колосал велат дека имаат за цел да внесат ДНК секвенци од волнени мамути, собрани од добро сочувани остатоци под вечниот мраз, во геномот на азиските слонови, за да создадат „хибрид слон-мамут“.

Азиските слонови и волнените мамути делат 99,6 проценти сличен состав на ДНК, додаваат од Колосал.

Коосновачот на компанијата, Џорџ Черчи, е познат генетичар и професор по генетика на Медицинскиот факултет Харвард, кој користи пионерски техники, вклучително и технологија CRISPR, за да го унапреди исчезнувањето на видовите.

Колосал вели дека враќањето на џиновите има потенцијал да ги ревитализира арктичките пасишта, огромен регион со големи капацитети за борба против климатските промени, како што се задржување на јаглерод и сузбивање на метан.

Колосал е делумно финансиран преку инвестиција од 15 милиони американски долари.

Поддржете ја нашата работа: