Волнестиот мамут пред „воскреснување“- тврдат научниците

Тим научници од Харвард се ноѓаат на само две години од созавањето на хибриден ембрион од азиски слон кој ќе има карактеристики на волнест мамут, пишува „Guardian“

Волнестите мамути исчезнале од Земјата пред 4.000 години, но научниците велат дека благодарение на генетскиот инжинеринг нашле начин да ја „оживеат“ оваа изумрена врста на цицачи.

Својот проект тие го претставиле оваа недела во Бостон, на годишниот собир на Американската асоцијација за унапредување на науката.

„Наша цел е да создадеме хибриден ембрион од мамут и слон.Всушност се работи повеќе за слон кој ќе има одредени карактеристики на волнест мамут. Уште не сме ги оствариле нашите планови, но тоа ќе се случи за две години“– изјавил професорот Џорџ Черч.

Ова суштество, наречено „мамуслон“ (mammophant), ќе изгледа како слон со мали уши кој има долго крзно, поткожно масно ткиво, како и крв која подесува многу пониски темеператури. Гените од мамутот кои ги носат овие карактеристики ќе бидат внесени во ДНК од слон, со помош на  моќната CRISPR– техника.

Научниците стигнале до стадиум на манипулација на клетките , но наскоро ќе преминат на следната фаза и ќе почнат да работаат на развој на ембрионот.

Волнестиот мамут бил населен во области на Европа, Азија, Африка и Северна Америка. Научниците сметаат дека причина за нивно исчезнување биле климатските промени, во комбинација со човечкиот фактор (ловот).

Поддржете ја нашата работа: