Во август ноќното небо двапати ќе го осветли астрономски феномен, првиот веќе вечерва

pixabay

Во август на небото ќе се појават две „супермесечини“, што е мошне ретко.

Втора „супермесечина“ во ист календарски месец претставува редок феномен познат како „сина месечина“, пишува „Скај њуз“.

Првата „супермесечина“ ќе се појави ноќта меѓу 31 јули и 1 август, а втората 30 дена подоцна.

Првата Месечина ќе биде на оддалеченост од 357.530 километри од Земјата, а втората ќе биде уште поблиску, на 357.344 километри.

Последен пат две „супермесечини“ се појавија во ист месец во 2018 година, а следниот таков феномен нема да се случи пред 2037 година, тврдат астрономите.

Феноменот „супермесечина“ се јавува кога полната месечина е блиску до својата најблиска точка до Земјата, па изгледа и до 14 проценти поголема и 30 проценти посветла во споредба со нејзините најоддалечени точки. Покрај тоа, Меркур и Марс ќе бидат видливи на небото на 1 август, наведува порталот.

enauka.mk
9,253наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,109денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.