Во Рим ја поправале канализацијата, па пронашле древна мермерна статуа на Херкулес

Pixabay

За време на поправката на канализацијата под еден парк во Рим, пронајдена е античка римска статуа на Херкулес, која најверојатно датира од римскиот царски период (27 п.н.е. до 476 г. н.е.).

„Ова место ни приреди големо изненадување: мермерна статуа во природна големина. Поради мотката и лавовското крзно на неговата глава, знаеме дека станува збор за фигура што го претставува Херкулес“, објави на Фејсбук Археолошкиот парк Апија Антика.

Статуата е откриена при работа на канализациони цевки кои се скршени и предизвикале лизгање на земјиштето. Работниците ископувале на длабочина од 20 метри и нивните активности, како што често се случува во Рим, биле следени од археолози, пишува „Гардијан“.

Во ноември минатата година беше пронајдена збирка на бронзени статуи кои биле заштитени илјадници години од калта и топлата вода во мрежата на бањи изградени од Етрурците во Тоскана. Ова откритие на 24 статуи стари повеќе од 2.300 години беше прославено како едно од најважните археолошки откритија од ваков вид во последните 50 години.

 

Поддржете ја нашата работа: