Египет ја отвора гробницата на фараонот Џосер, по реставрација од 15 години

Египет официјално ја отвори гробницата на фараонот Џосер по 15-годишна реставрација, вредна 8,2 милиони долари. Отворањето доаѓа во време кога Египет се обидува да ја ревитализира туристичката индустрија по пандемијата на коронавирусот. 

Реставрацијата вклучуваше обнова на резбите и sидовите, зајакнување на подземните коридори и инсталирање на осветлување. Објектот беше затворен во 2006 година, во услови на загриженост од  уривање.

Гробницата била изградена помеѓу 2667 година п.н.е. и 2648 година п.н.е. Во голема мера е под земја, а составена е од лавиринти од ходници украсени со хиероглифски резби и плочки во боја.

„Ако се спуштивте по длабоките скали и стигнете до гробницата, ќе видите масивен ковчег, што се смета за еден од најголемите изработени од розов гранит, составен од 16 блокови со вкупна тежина од 120 тони“, вели Мостафа Вазири, генерален секретар на Врховниот совет за антиквитети на Египет.

Според него, иако фараонот не е закопан во него, се претпоставува дека бил изграден од симболични причини или за вдомување на дел од органите на Џосер.

Кралот Џосер е погребан во блиската пирамида, Степ, која нашироко се смета за најстарата позната пирамида и една од првите примери на монументална архитектура од античкиот свет. Се смета дека обезбедила инспирација за пирамидите во Гиза.

Таа е дел од некрополата во античкиот град Мемфис, кој беше прогласен за светско наследство на УНЕСКО во 1970 -тите години.

Поддржете ја нашата работа: