ЛЕМУРИЈА; Исчезнатиот континент за кој упорно се молчи

Многумина ги слушнале легендите за Атлантида, но мошне мал број ја слушнале легендата за континентот Лемурија или – Му.

Ова е сторија за него…

Легендата за Лемурија потекнува од неколку острови во Тихиот океан. Илјадници години жителите на Полинезија ја пренесуваат приказната за потонат континент во Тихиот океан од каде што, според нив, потекнало целото човештво.

Англискиот теозоф, В. Скот Елиот, тврдел дека континентот се протегал од источните брегови на Африка, преку Индискиот океан и Тихиот океан.

Според преданијата, пред околу 14.000 години културата на Лемурија била во голем подем. Еден ден пророците кои што ги следеле атмосферските и астрономските случувања, дошле до заклучок дека Земјата ќе доживее драматични промени.

Она на што алудирале било удар на астероид и голема поплава што ќе уништи сѐ пред себе. По таквото сознание целата популација на Лемурија почнала да се подготвува за катаклизма.

Сакајќи да остават информации за нивното постоење и за достигнувањата на цивилизацијата, знаењата почнале низ медитација да ги вградуваат во вибрацијата на големи кристали што потоа ги закопале длабоко под земјата.

Тогаш се случила поплавата и целиот континент исчезнал во морското синило.

Можни физички докази за Лемурија …

Камени споменици со непознато потекло се распространети на многу места низ регионот на Пацификот. Многумина веруваат дека Велигденските острови се впрочем дел од Лемурија. На тие острови и денес се раскажуваат преданија за огромното копно – Хива, што било поплавено од огромен воден бран. На Самоа се плетат истите преданија, а разликата е само името на копното. Таму го нарекуваат – Болуту. Маорите од Нов Зеланд сѐ уште зборуваат дека нивните претци дошле од некој огромен остров, наречен Хаваики, кој потонал под морето.

Интересни археолошки остатоци од огромни камени блокови во 1980 – тата година се пронајдени во близина на нреговите на јапонскиот остров Окинава. Откритието уште повеќе ги подгреа тврдењата дека во регионот некогаш постоела мошне напредна цивилизација чии градби биле уништени од голема катализма.

Едни за Лемурија велат дека постоела од 75.000 до 20.000 години п.н.е, пред Атлантида, а други пак, тврдат дека Атлантида и Лемурија истовремено постоеле неколку илјади години.

Идејата за Лемурија се родила во 19 век, од врвот на перото на истражувачот Август ле Полонжон (1826-1908), кој спроведувал истражувања на урнатините на цивилизацијата на Маите на Јукатан, Мексико. Тој објавил дека превел древни списи на Маите, кои наводно докажувале дека Маите од Јукатан се постари од цивилизацијата во Европа, додавајќи ја притоа и приказната за постоење на континентот Му, чии жители ја основале цивилизацијата на Маите.

Близок пријател на Август ле Полонжон, бил англоамериканскиот истражувач, Џејмс Черчвард. Тој во своите книги, вклучувајќи ја и „Изгубениот континент – Му“, напишал дека земјата се протегала на просторот од Хавајските острови до Фиџи и од Велигденските до Маријанските острови.

Најекстремните тврдења се дека жителите на Лемурија имале способност за телепатија и астрално патување. Користеле ултра високи фреквенции на акустична и електро-магнетна енергија и можеле да креваат објекти со огромна тежина.

За Лемурија обично се зборува со носталгија. Дали можеби тоа бил Еден, место кое што потонало во брановите и последен поглед на нашата примитивна, но срдечна природа? Дали легендарната Лемурија потонала поради нашите гревови или била само дел од спиралата на историјата – цивилизација што исчезнала како и многу други, обидувајќи се да ги направи работите онака како што треба…?

Поддржете ја нашата работа: