Направена апликација која детектира коронавирус за само 3 минути

Компанијата со седиште во Минхен изрази надеж дека ќе започне нова ера на тестирање на коронавирус со помош на својот производ, кој го детектира коронавирусот за само три минути со скенирање на окото.

Германската компанија Семик РФ разви своја апликација за скенирање, во соработка со колеги од САД и тие сега чекаат одобрување од регулаторните организации. Директорот на компанијата, Волфганг Грубер, се надева дека апликацијата ќе започне да се шири до крајот на следниот месец

Апликацијата користи фотографија од окото направена од камера на паметен телефон, а вирусот се идентификува со симптоматско воспаление наречено „розово око“, пренесува Ројтерс.

„Можевме да го издвоиме КОВИД-19 од над два милиони различни розови нијанси“, рече Грубер.

Исто така, според него, апликацијата е тестирана на над 70.000 луѓе и може да обработи до милион скенирани податоци во секунда, а постои и можност за проширување на капацитетот, што потенцијално би овозможило враќање на масовната посетеност на настани како што се концерти или фудбалски натпревари.

„Ја преземате апликацијата, фотографирате од двете очи, ја испраќате снимката за проценка и резултатот можете да го зачувате како QR-код на вашиот паметен телефон“, објасни Грубер.

Апликацијата првично беше планирана за компании и комерцијални корисници, по цена од 480 евра месечно, а подоцна се планира воведување и за физички лица.

Поддржете ја нашата работа: