НАСА предупредува – феномен на небото ќе предизвика уште поголеми поплави

Многу градови во крајбрежната област на САД веќе имаат проблеми со поплавите предизвикани од плимата и осеката, но експертите од НАСА предвидуваат дека од средината на 2030-тите, тие ќе имаат уште поголеми проблеми како резултат на покачувањето на нивото на морето, но и поради лунарниот циклус.

Според новото истражување, за десет години ќе започнат поплави, кои ќе доаѓаат периодично секој месец или почесто, во зависност од положбата на Месечината, Земјата и Сонцето.

Кога овие три небесни тела ќе се најдат едни со други во одредена сооднос и меѓусебно растојание, нивната гравитациска сила почнува да влијае врз океаните, така што крајбрежните градови наскоро би можеле да се соочат со поплави што ќе се случуваат секој втор ден, велат експертите на НАСА.

„Ниско поставените области во близина на морето сѐ повеќе се изложени на ризик од поплави. Тоа и дополнително ќе се влоши. Комбинацијата на гравитационо влечење на Месечината, зголемувањето на нивото на морето и климатските промени ќе доведат до уште посилни поплави на бреговите на САД, но и ширум светот“, нагласува Бил Нелсон, шеф во НАСА.

Месечината влијае на појавата на плимата и осеката секој ден, но влијанието на нејзината гравитациска сила не е исто секоја година, бидејќи во период од 18,6 години, таа ја менува својата орбита и ја менува својата позиција во однос на Земјата. Затоа овие промени се рефлектираат во плимата и осеката.

Во првата половина на овој циклус, Месечината предизвикува плима што е пониска од просечната и осека што е поизразена од плимата. Во втората половина, плимата се зголемува, а силата на осеката се намалува. 

Со оглед на глобалниот пораст на нивото на морето, плимите стануваат сѐ поголеми и се очекува наскоро да има сѐ повеќе проблеми со поплавите. Месечината влегува во фазата на циклус во кој плимата постепено се интензивира, но засега сè уште не предизвикува значителни поплави. Сепак, во средината на 2030-тите, во комбинација со глобалното покачување на нивото на морето, обилните плими ќе им се заканат на скоро сите крајбрежни области, предупредува НАСА.

Поддржете ја нашата работа: