НЕВЕРОЈАТНО! Знаете ли колку урина има во базените? ПОЛОШО Е ОТКОЛКУ ШТО ОЧЕКУВАТЕ!

Научно истражување на група научници од канадскиот универзитет Алберта открива дека пливачите во олимписките базени најчесто во водата околу себе имаат безмалку 200 литри урина!

За нивниот експеримент тие ги искористиле карактеристиките на вештачкиот засладувач „ацесулфам-калиум“ (АСЕ), што се елиминира преку урината, а го има во речиси сите слатки намирници и чие присуство може лесно да се докаже.

Експериментот се спроведувал во два града во Канада.

Научниците посетиле 31 базен и зеле околу 250 примероци од водата. Секоја од пробите била позитивна на присуство на вештачкиот засладувач.

Математичките пресметки откриле дека во базен со капацитет од 830 тони, што е околу една третина од големина на олимписки базен, имало 70 литри урина.

Податоците го вклучиле алармот бидејќи иако урината сама по себе најчесто е стерилна, нејзините азотни компоненти влегуваат во хемиска реакција со хлорните препарати, што се употребуваат за дезинфекција на водата и се добиваат нови соединенија што се надразнувачки за очите и штетни за белите дробови. Посебно чувствителна група се лицата со хронични болести на органите за дишење, а во прв ред оние со бронхијална астма.

Ваквите сознанија ја наметнаа потребата од поширока дебата и изнаоѓање начин како да се спречи појавата на редовно уринирање на пливачите во рекреативните и во олимписките базени.

Наодите се објавени во списанието Environmental Science and Technology Letters

Поддржете ја нашата работа: