Не ја пропуштајте последната полна месечина во 2022 година: Покрај неа, со голо око ќе бидат видливи уште три планети

pixabay

Полната декемвриска Месечина, којашто го носи и прекарот Студена, ќе биде видлива утре рано наутро, иако веќе денес ќе изгледа светла и полна на небото над нас. Набљудувачите од Северна Америка и Европа ќе можат да ја видат како ја замаглува Црвената планета во еден момент, феномен познат како окултација меѓу ентузијастите на астрономијата. И заедно со Сатурн и Јупитер, кои исто така ќе бидат видливи со голо око.

Интересен факт е дека ќе се појави пред зимската краткоденица на 21 декември – еден од најстудените и најтемните делови од годината. Според некои толкувања, токму затоа го има прекарот Студена, што според алманахот Фармер ѝ го дале Индијанците Мохаве.

 

enauka.mk
9,253наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,109денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.