Ова е новиот часовник од милион долари

Партнерството помеѓу компанијата за производство на луксузни спортски автомобили Мекларен и производителот на часовници Ричард Мил го претстави новиот скап часовник вреден скоро еден милион долари.

Станува збор за модел RM 40-01 Automatic Turbilon McLaren Speedtail, чија цена е нешто повеќе од 821.000 евра.

Познато е дека цената на хиперавтомобилот на Мекларен е повеќе од 2,25 милиони долари, без дополнителни опции и персонализација, па не е ни чудо што некои копии се продаваат за повеќе од 3 милиони долари.

Дизајнот на часовникот е инспириран од моделот на возилото Мекларен Speedtail, односно некои делови од неговото тело.

“Кога станува збор за RM 40-01, зедовме предвид некои од карактеристиките на автомобилот и филозофијата што стои зад него. Така, часовникот следи многу детали на Speedtail кога станува збор за неговиот бескомпромисен дизајн и материјали”, рече Роб Мелвил, директор на Мекларен Дизајн.

“Часовникот го има едно од највисоките нивоа на завршна обработка што некогаш е направено во Ричард Мил. Исклучително внимание е посветено на деталите, а самиот механизам е направен од 69 делови”, изјави техничкиот директор на компанијата, Ричард Мил.

Компанијата анализирала пет прототипови за да излезе со најдобриот дизајн.

Ќе бидат произведени само 106 примероци за да одговара на бројот на модели на Speedtail, кои Мекларен има намера да ги произведе.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt