Порастот на светската популација забавува, но годинава ќе достигне 8 милијарди

Новата прогноза на ОН вели дека светската популација ќе надмине 8 милијарди луѓе на 15 ноември и дека Индија ќе ја надмине Кина како најнаселена нација во идната година. Извештајот објавен денеска, исто така, забележува дека растот на светската популација е забавен на најниската стапка од 1950 година, зголемувајќи се за само 1 процент во 2020 година. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изјави дека пресвртницата во вкупната популација „е потсетник на нашата заедничка одговорност да се грижиме за нашата планета и момент да размислуваме за тоа каде сè уште не ги исполнуваме нашите обврски еден кон друг“.

„Ова е повод да ја прославиме нашата различност, да ја препознаеме нашата заедничка човечност и да се восхитуваме на напредокот во здравството што го продолжи животниот век и драматично ја намали стапката на смртност на мајки и деца“, додаде тој. Светската популација веројатно ќе достигне 8,5 милијарди во 2030 година и 9,7 милијарди во 2050 година, а ќе достигне врв на околу 10,4 милијарди во 2080-тите пред да остане на тоа ниво до 2100 година.

извештајот се предвидува дека Индија ќе ја надмине Кина како најнаселена земја во светот во текот на 2023 година. Нејзиното население изнесува 1,412 милијарди во 2022 година, нешто под она во Кина од 1,426 милијарди. Но, се предвидува дека ќе ја надмине Кина во 2023 година и ќе има население од 1,668 милијарди во 2050 година, далеку пред 1,317 милијарди жители на Кина во тоа време. Повеќе од половина од предвидувањата за зголемување на светската популација во наредните децении ќе биде концентрирана во осум земји – Демократска Република Конго, Египет, Етиопија, Индија, Нигерија, Пакистан, Филипини и Танзанија.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,232од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.