Соларна бура што ќе ја погоди Земјата може да предизвика проблеми со сателитите

pixabay photo

Земјата се очекува да биде погодена од соларна бура во текот на денов (19 јули). Оваа соларна бура би можела да предизвика проблеми со навигацијата и радиосигналите.

Според научникот, Тамита Сков, ова ќе биде „директен судир“ од соларни зраци на ноќната страна на Земјата што може да предизвика и аурора бореалис во некои региони. Меѓутоа, постои можност бурата да пристигне и подоцна неделава. Таа би можела да влијае врз работата на сателитите.

Соларната бура е последица на испуштање плазма и магнетна енергија од Сонцето што се случи на 15 јули. Овие ерупции може да произведат 100.000 пати поголема енергија од онаа што ја произведуваат сите енергетски централи на Земјата во една година. Овие соларни бури се случуваат бидејќи Сонцето е во својата активна фаза од циклус кој трае 11 години.

Силните соларни бури може да имаат сериозни ефекти на луѓето. Некои истражувања тврдат дека во минатото предизвикале паѓање на сателити од орбитата и нивно уништување.

Извор: Independent

Поддржете ја нашата работа: