Тајната на древната египетска „друштвена“ игра

Античките Египќани биле страсни љубители на друштвените игри, за што сведочат сочуваните слики од гробницата на кралицата Нефетари стара 3300 години, на кои е прикажано како владетелката ја игра популарната игра „Сенет“ со невидлив противник.

Сенетот, кој потсетува на шах, првично бил омилена забава. Но, во текот на речиси два милениума, таа прераснала во игра поврзана со задгробниот живот, а се играла на табла којашто го претставува токму тој живот. Иако веројатно не е првата игра на табла во светот, таа е една од оние што станале  хит. Се претпоставува дека во неа уживале сите класи на египетското општество пред околу 5.000 години и ја играле со иста страст цели 2.500 години. Денес, векови по времето на старите Египќани, новиот поглед на сенетот, зачуван во калифорнискиот музеј, открива кога се случила оваа драматична трансформација.

Имено, до пред околу 4300 години немало сомнеж дека Сенетот е забава, но текстовите од вековите потоа покажуваат дека играта тогаш се гледала како форма на комуникација помеѓу двата света.

Во текот на следниот милениум, текстовите го опишале Сенетот како игра што го следи движењето на душата низ египетското кралство на мртвите или Дуат. Со текот на времето, самата игра се променила, така што биле додадени хиероглифски птици, кои симболизираа души за Египќаните.

Таблата за сенет, зачувана во египтолошкиот музеј Розикрушан во Сан Диего, Калифорнија, може да ги прикаже најраните фази на овој редизајн. На таблата недостасуваат хиероглифи кои ја симболизираат душата, но квадратот под бројот 27 – кој на старата табла ја носел буквата Х – носи хиероглифски знак за вода. Археолозите веруваат дека ова претставува езеро или река за која Египќаните верувале дека е патот на душата низ Дуат.

„Ова може да биде еден од првите времиња кога овој аспект од задгробниот пат визуелно се прикажува на табла“, објаснува Валтер Христ, археолог на Универзитетот во Мастрихт.

Староста и археолошкиот контекст на оваа плоча се недоволно познати – можно е плочата да е купена на саем за антиквитети во 19 век. Неговиот изглед е интересен: почетната позиција или почеток е на местото што е вообичаено за крајот или финишот. Експертите тврдат дека ова било вообичаено во периодот во историјата познат како Средно Кралство, од пред 4000 до 3700 години и дека самата табла е стара околу 3500 години.

Поддржете ја нашата работа: