Физичари објавија дополнителни докази кои укажуваат кон нова Фундаментална Сила во Природата

Сите нешта во нашиот универзум се привлечени или одбиени од страна на четирите фундаментални сили: гравитацијата, електромагнетната сила, како и слабата и јаката јадрена сила. Физичарите сега мислат дека забележале траги од активност на петта физичка сила која се јавува од атомот на хелиум.

Ова не е прв пат истражувачите да укажуваат кон постоењето на оваа дополнителна сила. Пред само неколку години имаше ветувачки траги за истата,  добиени од набљудувањата при распаѓањето на изотоп на берилиум. Истиот тим сега има втор примерок од новата мистериозна сила – и честичката преку која научниците мислат дека се пренесува силата ја именуваат како X17. Доколку ова откритие биде потврдено, освен што ќе добиеме ново дополнително знаење за силите во нашиот универзум, X17 може да претставува и огромна помош во разјаснувањето на проблемите кои научниот свет ги има со темната материја.

Уште во 2016-тата година, Атила Кражнахоркај и неговите колеги од институтот за ‘Нуклеарно Истражување’ во Унгарија сомневале дека добиваат чудни резултати при анализирањето на начинот на кој берилиум-8 во возбудена состојба зрачи при распаѓање. Доколу емитираната светлина е доволно енергетска, таа се транформира во електрон и позитрон, кои потоа се одбиваат еден од друг со предвивдлив агол при емитирањето.

Според законот за зачувување на енергија, како што енергијата на светлината која ги создавата честичките се зголемува, аголот помеѓу честичките треба да се намалува. Зачудувачки, тоа не е резултатот кој бил добиен од Кражнахоркај и неговиот тим на физичари. Во низата резултати за добиените агли, научниците добиле неочекуван пораст во бројот на електрони и позитрони кои се одвојуваат под агли поголеми од 140 степени.

Ова изучување било извршено доволно детално и претпазливо па затоа и набрзо го привлекло вниманието на други истражувачи низ светот кои укажале дека овие докази може да се добиени како резултат на нова честичка која би ја причинувала оваа аномалија. Дополнително, тоа не би претставувала некоја од стандардните честички, всушност оваа хипотетичка честичка би морала да биде сосема нов тип на фундаментален бозон.

Ова тврдење доведува до сериозни и интересни последици и затоа мора да биде длабоко разгледано. Од четирите познати фундаментални сили, знаеме дека за три од нив токму бозоните се честичките кои ја пренесуваат информацијата за привлечност и одбивање. За преносот за силата на гравитација пак, засега, само се хипотетизира за честичката гравитон кој сеуште не е научно потврдена и забележана. Овој нов бозон не би можел да претставува една од честичките одговорни за познатите четири фундаментални сили благодарејќи на неговата уникатна маса од 17 MeV (33 пати масата на електрон), и неговиот краток животен век од 10−14секунди.

Сите траги укажуваат кон тоа дека нов бозон е носителот на некој нова, петта фундаметална сила. Сепак, физиката како и целиот свет на наука, ретко се избрзува да слави прерано. Концептот на нова честичка е секогаш голема вест во физиката и истиот бара големо ниво на претпазливост и ригорозност, а секако не ја забораваме потребата од емпириско експериментално повторување.

Секако, тимот на Кражнахоркај  не го трошеа своето време залудно изминатиов период. Тие оттогаш го имаат променето својот фокус од набљудувањето на распаѓањето кај берилиум-8 кон состојбената промена на возбудено хелиумско јадро.

Слично како претходно наведеното откритие, истражувачите пронашле електронско-позитронски парови кои се одвојуваат под агли кои не се поклопуваат со досегашните прифатени модели. Овој пат, бројката на аглите била близу 115 степени.

Работејќи инверзно, тимот заклучил дека хелиумското јадро можело да произведе кратко-живеачки бозон со маса која е малку под 17 MeV. Со цел да биде поедноставено, тие сега го нарекуваат X17. Напоменуваме дека сеуште е многу рано за официјализирање на оваа честичка, а со тоа секако и самиот процес на нејзино вклучување кон било кој од сегашните модели. Додека експериментот од 2016-тата година беше прифатен во престижниот научен весник, Physical Review Letters, најновото истражување сеуште не поминало под лупата на научната рецензија. Но доколку овој чуден бозон не претставува само некоја илузија како резултат на експериментални аномалии, тогаш фактот што истиот има интеракција со неутрони силно укажува кон сила кој се однсеува доста различно од четирите традиционални сили.

Фактот што невидливиот ефект на темната материја веќе долго време претставува една од поголемите мистерии во научниот свет, отвора простор за некоја ваква потполно нова фундаментална честичка да донесе подобро објаснување кон овој проблем, потенцијално правејќи конекција помеѓу материјата која можеме да ја видиме(барионска) со  онаа која не можеме (не-барионска). Всушност, одреден број на експерименти поврзани со темната материја внимателно ја следат X17. Засега, нема нови пронајдоци, но експериментите се сеуште во своите рани фази и прерано е за донесување на било какви заклучоци.

Прераспределување на Стандардниот Модел на фундаменталните сили и честички, со цел да се направи место за нова, би претставувало огромна промена во светот на науката која се бави со најосновните нешта во нашиот универзум. Секако, таков чекор не би се направил без добра причина. Како и сите останати идеи, така и оваа, ќе биде подложена кон ригорозната лупа на научниот свет.

Сепак, нешто како X17  можеби претставува концепт кој го заслужува вниманието на истражувачите и истиот да биде една од нишките кои недостигаат во сегашните стандардни модели

Извор: astronomija.mk

Поддржете ја нашата работа: