(ФОТО, ВИДЕО) Какви тајни кријат древните кули на Кавказ?

Стражарските кули на Кавказ се сметаат за пример и симбол на уникатната култура на планинските народи. Денес, овие згради можат да се најдат на територијата на Дагестан, Ингушетија, Кабардино-Балкарија, Карачево-Черкесија, Осетија и Чеченија.

Од економска гледна точка, овие згради биле скапи и имале повеќе функции, биле чувани, користени за одбрана од напаѓачите, но и за домување.

Бидејќи имале и воено значење, многу од нив се разурнати. Историчарите откриле дека повеќето градби припаѓале на некој род или на семејство. Според преданијата, ако поминело повеќе од една година од почетокот на изградбата до експлоатацијата, семејството на кое му припаѓала кулата се сметало за несреќно.

Науката утврдила дека првите кули сочувани до денес се изградени во периодот X-XII век и претставуваат значајни туристички атракции.

Поддржете ја нашата работа: