10 предупредувачки симптоми на Алцхајмеровата болест

Алцхајмеровата болест е најчестата форма на деменција – вид на оштетување на мозокот кое влијае на секојдневниот живот поради губењето на меморијата и когнитивните промени. Постојат три главни фази на Алцхајмеровата болест: лесна, умерена и тешка.

Точната причина за појавата на оваа болест е непозната, иако неколку фактори, како што се возраста, семејната историја на Алцхајмерова болест, сериозните повреди на главата и состојбите поврзани со кардиоваскуларните болести, го зголемуваат ризикот за нејзиниот развој.

Исто така се’ уште нема лек за оваа болест и засега третманот се фокусира на тоа да им се помогне на луѓето да ја одржат менталната функција, да управуваат со своето однесување и да ги забават или одложат симптомите.

Раните симптоми по кои може да се препознае оваа болест вклучуваат:

 

  • Губење на меморијата што влијае на секојдневниот живот
  • Проблеми при планирањето и решавањето на проблеми
  • Потешкотии при извршувањето на секојдневните работи по дома
  • Конфузија, дезиорентација и губење на познати места
  • Проблеми при движењето наоколу без помош или проблеми при грижата за себе
  • Промени со видот
  • Халуцинации (слушање или гледање работи кои не постојат) и заблуди (верување во нешта што се невистинити)
  • Проблеми со говорот и јазикот
  • Повлекување и недостаток на мотивација
  • Состојби кои влијаат на метаболизамот, како на пример проблеми со тироидната жлезда

Алцхајмеровата болест е една од 10-те водечки причини за смрт во САД и стапката на смртност продолжува да се зголемува.

Според Центарот за контрола и превенција на болести во САД, во 2013 година, оваа болест влијаела на 5 милиони луѓе само во Америка. Бројот на лица над 65 годишна возраст со Алцхајмерова болест се удвојува на секои 5 години и се очекува да достигне бројка од 14 милиони.

Неколку истражувачи во моментов спроведуваат експерименти за да откријат дали образованието, исхраната и животната средина играат улога во развојот на болеста.

Поддржете ја нашата работа: