25 најбрутални техники за мачење во историјата

Тортурата била сурова реалност за многу луѓе. Меѓутоа, највознемирувачко во врска со тортурата не е нејзино постоење, туку фактот дека некои луѓе го вложиле своето перверзно чувство за креативност (па дури и задоволство) во создавање на направи чија единствена цел е да се предизвика болка.

Како доказ за ова ви претставуваме 25 најбрутални техники за мачење кои некогаш се измислени.

( сликите и техниките што се опишани во текстот не се препорачани за малолетна публика )

Ве молиме за разбирање

25. Корито

25

За време на оваа казна, позната како „седење во корито“, осуденикот го седнувале во корито, само со главата надвор. После тоа, егзекуторот му го мачкал лицето со мед и млеко, што многу скоро привлекувало муви кои се хранеле од нив. Покрај тоа, осуденикот редовно бил хранет и тој на крај пливал во својот измет. После неколку дена, црви почнувале да се „гостат“ со неговото тело, додека тој жив се распаѓал.

24. Бронзен бик

24

Познат уште и како Сицилиски бик, оваа направа за мачење била измислена во античка Грција. Целиот бик бил направен од бронза, во облик и големина како жив бик, внатре шуплив, со вратичка отстрана. Осуденикот бил заклучуван во внатрешноста на бикот, а под него се палел оган кој го загревал металот, а личноста внатре жива се печела до смрт. Бикот бил намерно направен да ги засилува криците што ги испуштала жртвата и да звучи како тие да ги испушта самиот бик.

23. Набивање на кол

23

Ова била најомилената метода за мачење на Влад Цепеш (Влад |||, Кнез на Влашка). Во 15-ти век, во Романија, жртвата ја набивале на колец кој потоа гo исправале, за да може тој да се лизга надоле под силата на сопствената тежина. Потребни биле три дена за да почине жртвата на овој начин, а се смета дека Влад наеднаш набил на колец 20.000 луѓе,  додека уживал во оброкот.

22. Еретичка виљушка

22

Оваа направа за мачење се состоела од парче метал кој на двата краја имал запци како виљушки, прицврстени со ремен или лента. Едниот крај од справата бил поставуван под брадата на жртвата, а другиот на градната коска. Ременот служел да се држи справата за вратот на жртвата, додека тој висел прикачен за таван или на некој друг начин бил држен за да не може да заспие. Доколку ја спуштел главата, виљушката му ги прободувала грлото и градите.

21. Мачење на вратот

21

Оваа понижувачка и болна метода претставувала нешто како тест за издрживост. На жртвата на вратот и била закачувана направа од метал или од дрво, која спречувала жртвата да го поместува вратот. Суровоста на оваа метода се состоела во тоа што жртвите не можеле нити да јадат, нити ди легнат, нити да ја наведнат главата.

20. Распнување на крст

20

Оваа метода на мачење главно се практикувала во античко време, иако и денес се практикува во некои земји. Тоа е една од најпознатите методи за егзекуција, поради распнувањето на Исус Христос. Наменета е за бавна и болна егзекуција, каде што осуденикот е закован за голем дрвен крст и оставен така да виси додека не умре, што понекогаш траело со денови.

19. Колевката на Јуда

19

Оваа ужасна тортута е слична со набивањето на кол, при што осудените голи ги седнувале на пирамида во вид на колевка и насилно биле влечени надолу со јаже за да може жртвата полека да се расцепува додека се набива на колевката.

18. Прскалка со олово

18

Оваа направа обично била наполнета со стопено олово, врела вода или врело масло, а содржината била истурана на стомакот, очите или на други делови од телото на жртвата. Потоа, со оваа направа егзекуторот истурал растопено сребро врз очите на жртвата, што предизвикувало ужасни болки и на крај и смрт.

17. Железна девица

17

Оваа направа за мачење обично изгледала како железен ормар со конична форма и шилци во внатрешноста, со големина да собере еден човек. Во внатрешноста, жртвата воопшто не можела да се помрдне, заради големиот број на остри челични шилци. Во исто време оној што ја испрашувал жртвата можел да го боде со нож или со други остри предмети. Жртвата обилно крварела и слабеела и на крај умирала од губиток на крв или гушење. Повеќето железни девици биле направени така што врвовите на шилците не ги пробивале виталните органи, па жртвата умирала со бавна и болна смрт.

16. Ковчег за измачување

16

Една од најчесто користените методи за тортура во средниот век била позната како ковчег за измачување. Жртвата била ставана во метален кафез, приближно со големина на човечко тело, па оттаму и називот.

Мачителите обично ги ставале подебелите жртви во помали кафези за да им биде што понеудобно, а кафезот бил закачен да виси на дрво или бесилка. Обично, таму биле оставени додека чавките не почнат да ги јадат нивните останки.

15. Кршач на прсти

15

Постојат многу варијации на оваа направа за мачење, но сите делуваат на истиот принцип. Тие биле дизајнирани полека да ги кршат прстите на рацете и нозете, но имало и поголеми направи, за кршење на колената и лактите. Постоел и „кршач за глава“, на истиот принцип. Главна намена им била да се изнуди признание од жртвите, а за прв пат се употребени во средниот век.

14. Измачување со јаже

14

Јажето како средство за мачење е најлесно да се користи од сите други направи, со оглед на тоа дека може да се приспособи за да нанесе ужасна болка на многу начини. На пример, може да се врзе жртвата и да се остави така што не може да се брани нити од животни, нити од други луѓе, да се обеси на бесилка за забава, што на крај ќе заврши со смрт, или со едниот крај да се врзат естремитетите на жртвата, а другиот крај да се закачи за коњи кои ќе трчаат, со цел на крај да се раскине.

13. Гилотина

13

Една од најпознатите форми на погубување – гилонината е направена од тешко остро сечило, закачено за јаже. Служела за погубување со отсекување на главата. Главата на жртвата се поставувала во средината на рамката а одозгора се спуштало сечилото. Бидејќи се мислело дака обезглавувањето убива најбрзо и најбезболно (или барем помалку болно од другите начини), гилотината често се сметала дека е најхуман метод за егзекуција.

12. Решетка

12

Дизајнирана да го исчаши секој зглоб во телото на жртвата, се верува дека решетката била најболната направа за мачење во средниот век. Оваа направа се состоела од дрвена рамка со две јажиња фиксирани на дното, а другите два краја врзани за рачка на врвот. Жртвата се поставувала и се врзувала на решетката, а мачителот почнувал да ја врти рачката. Жртвата се истегнувала сѐ додека зглобовите на неговите екстремитети не биле изместени. Сепак, мачителите продолжувале да ја вртат рачката (за да бидат сигурни дека екстремитетите се навистина дислоцирани), се додека екстремитетите на жртвата не биле целосно откинати од неговото тело.

11. Откорнувач на јазик

11

Оваа направа изгледа како големи ножици, со кои лесно можело да се истргне јазикот на жртвата. Устата му била отворана со друга направа наречена „отворач за уста“. Со грубите краеви на направата се фаќал јазикот, таа се прицврстувала со завртка, а потоа јазикот на жртвата брутално бил откорнуван.

10. Тортура со стаорци

10

Да се биде затворен со стаорци е тортура сама по себе, но очигледно тоа не било доволно во средниот век. Една од најсадистичките техники на измачување била врзување на кафез на телото на жртвата, кој бил отворен од едната страна. Во кафезот потоа биле ставани големи глодари, а на другата страна од кафезот било ставано некое грејно тело. Природниот инстинкт ги терал глодарите да бегаат од силната топлина, а за да избегаат тие почнувале да копаат по телото на жртвата додека тој не умрел.

9. Столица за мачење

9

Позната и како столицата на Јуда, оваа ужасна направа за мачење била ставана во занданите во средниот век. На секоја површина од столицата имало 500 до 1500 шилци и цврсти ленти со кои се врзувала жртвата. Била направена од железо, а седиштето се ставало над отворен оган, со што жртвата полека жива се печела. Често се користела да се исплашат луѓето и да признаат вина, гледајќи ги другите како биле измачувани на оваа направа.

8. Чизми од цемент

8

Цементните чизми ги вовела американската мафија за егзекуција на непријателите, предавниците и шпионите. Тие им ги ставале стапалата во блокови кои потоа ги полнеле со цемент, а откако тој ќе се стврднел, жртвите живи ги фрлале во река или во друга длабока вода.

7. Градокорнач

7

Иако жените не биле поштедени од ниедна од наведените методи на измачување, оваа направа била специјално дизајнирана за нив. Била наменета да предизвика обилно крварење, со тоа што „канџите“ кои често биле загревани до усвитување се ставале на голата града на жената, а шилците навлегувале длабоко под кожата. Потоа, направата се повлекувала, откорнувајќи ја градата.

6. Крокодилска клешта

6

Оваа железна клешта често се користела за осакатување на оние што се обиделе да го убијат кралот. Откако ќе се загреала, со оваа направа се приклештувале делови од телото (меѓу кои и пенисот) и полека се откорнувале.

5. Републикански брак

5

Покрај гилотината и палењето на клада, овој начин на тортура бил многу користен од страна на Жан-Батист Карие, за време на Француската револуција. Голи маж и жена биле врзувани заедно, а потоа фрлени во ледена вода, да се удават. Доколку немало вода, тие биле парчосувани со мечеви и бајонети. Оваа метода најчесто се користела за казнување на калуѓерки и свештеници во тоа време.

4. Тркало

4

Познато и како тркалото на Катерина, оваа направа била наменета да предизвика бавна смрт. Жртвата прво била врзувана за краците од големото дрвено тркало, а потоа била удиран со голем железен чекан по екстремитетите за да и се скршат на повеќе делови. Со скршени коски, жртвата била оставена да умре или била поставувана одозгора на висок столб за да можат да ја јадат птиците додека сѐ уште е жива. Ова било тешка и бавна смрт, затоа што понекогаш биле потребни денови пред жртвата да почине од дехидратација.

3. Шпанско магаре

3

Ова било направа за мачење во времето на шпанската инквизиција и веројатно една од најужасните. Жртвата се ставала гола, да јава на направа слична на магаре, што всушност претставувало вертикална дрвена табла, што завршува со остра ивица одозгора. Потоа, на стапалата на жртвата биле прикачувани разни тегови, се додека ивицата не навлезе и го расече неговото тело.

2. Сечење со пила

2

При ова измачување жртвата била обесена со главата надоле, да може крвта да оди во главата за да биде свесна за време на долгото измачување. Потоа со пила полека се сечело телото на жртвата сѐ додека не било пресечено на две половини. Често пати жртвите биле расекувани до стомакот за да им се продолжи агонијата.

1. Бесење, давење и растргнување

1

 

Во текот на средниот век, казната за велепредавство во Англија била јавно бесење, давење и растргнување, која иако била укината во 1814 година, однела илјадници животи.

Жртвата прво била влечена на дрвена рамка до местото на погубувањето, потоа била бесена за вратот кратко време – до пред да умре, по што следувало вадење на утробата и кастрација, а цревата и гениталиите биле палени пред очите на жртвата. На крај, жртвата била растргната на четири дела и обезглавена.

Поддржете ја нашата работа: