Немате универзитетска диплома? Нема проблем.
Постојат повеќе позиции каде може добро да се заработува и без универзитетска диплома. Добро познато е дека во модерниот капиталистички свет дипломите се’ повеќе ја губат својата вредност и работодавачите повеќе се заинтересирани за ангажирање луѓе што можат да одговорат на работните задачи.
Една од позициите е: Веб програмер
Оваа позиција е во брз подем, нуди просечна плата од околу 30 долари на час или 62.500 долари годишно и не бара универзитетска диплома.
Причината е едноставна: компаниите не можат да најдат програмери. Професијата е се’ уште нова, а понудата од работна сила се’ уште не е доволно голема за да ги задоволи потребите.
„Нема доволно луѓе за да се пополнат работните места”, вели Џуди Вандерлик, коосновач на „WunderLand“, фирма за вработување од Чикаго којашто е специјализирана за дигитални, маркетинг и креативни работни позиции.
Според статистиките на Бирото за труд, професиите поврзани со компјутер се очекува да пораснат за околу 22% помеѓу 2010 и 2020 година.
Дополнително, за развивачите на веб и мобилни апликации, традиционалните програми на факултет не задоволуваат….
Целиот текст можете да го прочитате на следниов линк
Текстот е добиен во соработка со веб академијата Еверест.