Дали црниот фосфор ќе овозможи посупериорни процесори?

Ова би можело да им помогне на научниците да го совладаат можеби најголемиот проблем за електрониката, а тоа е дизајнирањето на енергетски ефикасни транзистори.

Во истражувањето научниците објаснуваат дека електроните во фосфорен транзистор се движат само во две димензии. Транзисторите се поефикасни кога се тенки, со електрони кои се движат само во две димензии, а ништо не е потенко од еден слој на атоми, вели главниот автор на истражувањето.

Во 2004 година, физичарите од Универзитетот во Манчестер, за прв пат го изолираа графенот (дводимензионален слој атоми на јаглерод) и ги испитаа неговите извонредни својства. Оттогаш, научниците испитуваат широк спектар на други дводимензионални материјали. Еден од тие материјали е црниот фосфор – форма на фосфорот која е слична на графит и лесно може да се подели на поединечни слоеви на атоми, познати како фосфорени.

Фосфоренот предизвика зголемен интерес бидејќи надминува многу од недостатоците при користењето на графен во електрониката. За разлика од графенот кој се однесува како метал, црниот фосфор е природен полупроводник – може лесно да се вклучи и исклучи.

Научниците велат дека се’ уште сме далеку од вакви транзистори во комерцијална употреба, но ова истражување претставува еден чекор поблиску.

Истражувањето е објавено во „Nature Communications“.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt