Јакни што продуцираат електрична енергија би можеле наскоро да станат реалност

Идејата за лесни и удобни јакни кои произведуваат електрична енергија со која би се осветлиле оние кои уживаат во ноќното трчање, наскоро би можеле да станат реалност.

Триша Ендрју, научник од Универзитетот Масачусетс во Армхерст  која се бави со истражување на материјали, вели дека наскоро би можела да направи една таков примерок.

Ендрју и нејзините колеги откриле начин како да прицврстат свитливи, неметални електроди на облеката, а таа да остане удобна и да биде во состојба да продуцираа енергија доволна за напојување на помали уреди.

„Нашата лабораторија работи на текстилна електроника. Имаме за цел да изградиме наука за материјалите, така што било која облека, било кој вид на материјал да можеме да го претвориме во проводник. Таквиот текстилен проводник може со време да прерасне во софистицирана електроника. Еден од можните примени е да се собере енергијата која се создава при движење на телото и да се претвори во струја, на тој начин што  секој пат кога телото се движи ќе продуцираа електрична енергија“- изјавила Триша Ендрју.

Вакви напредни материјали, преку кои може да се следат здравствените податоци се важни на пример за војската, но и здравствената индустрија, истакнува Ендрју.

Облеката треба да биде направена така што ќе биде отпорна на перење, на триење, на човечка пот, многукратно носење и евентуално на кинење.

Ендрју наведува дека е голема веројатноста во иднина да може било која облека да се претвори во соларна келија, а сончевата енергија на која е изложена облеката би можела да се складира во батерија и да служи за напоување на мали електрични уреди.

Поддржете ја нашата работа: