Пронајдено дамнешно изгубено кралство од средновековна Шкотска

The Old Man of Storr, Trotternish Ridge, Isle of Skye, Scotland.

Додека во денешна Шкотска, луѓето повеќе се грижат за прашањето на автономија, археолозите малку не вратија во историјата на таа област.

Во мрачниот среден век, таму постоело британското кралство Rheged. Денес за тоа конечно постојат и докази, бидејќи археолошките ископувања ги пронашле остатоците од поранешната тврдина.

По падот на Западното Римско царство во 476 година, варварите ја збришале Британија оставајќи хаос, а едно од многуте кралства било и Rheged.

За тоа кралство на пост-римска Британија се знае малку и нема многу материјални докази.

Всушност, во книгата за изгубеното средновековно кралство Rheged, (Oxbow Books, 2016), е откриено како археолозите ги пронашле урнатините кои упатуваат кон дамнешни и заборавени делови од историјата.

Сето тоа се случило случајно, бидејќи е иницијатива започната во 2012 година, со цел да се проучуваат резбите на камен на поранешните племенски сојузи на пиктите околу Галовеј.

fords-city-of-tomorrow

Благодарение на Пиктите се пронајдени докази за постоењето на Rheged. Освен остатоци од тврдини, пронајдена е и кралската ковачница со подлабоко копање.

Археолозите од приватното претпријатие Гард, кои се вработени на проектот заедно со 60 волонтери, тврдат дека урнатините датираат од 600-та година и веруваат дека сето тоа припаѓало на Rheged.

Тврдината се наоѓала во средишниот дел на кралството и била на издигнато земјино место.

Историчарите не успеале да одредат прецизни граници на кралството, но се знаело дека припаѓало на кралот Уриен и неговото семејство. Неговите поданици зборувале на кумбриски, британски дијалект, сроден на старовелшки јазик.

Ако остатоците од тврдината се обноват, со сигурност ќе станат убава глетка за посетителите.