Пронајден е лекот против деменција?

Истражувачите се надеваат дека пронашле лек кој запира невродегенеративни болести на мозокот, вклучувајќи деменција, се вели во едно известување за БиБиСи од четвртокот.

Британскиот медицински истражувачки совет (МРЦ) во 2013 година за прв пат го запре пропаѓањето на мозочните клетки кај животните, и беше вест која го обиколи светот.

Сепак, активната супстанција не беше погодна за човечка примена, со оглед на тоа што предизвикува оштетување на органите. Сега тие откриле два нови лекови кои треба да ги имаат истите заштитни ефекти врз мозокот и докажано не се штетни за луѓето.

Д-р. Џована Малучи, од одделот за токсикологија на МРЦ во Лестер, сака да покрене клинички испитувања на заболените од деменција и очекува дека крајни резултати ќе има за отприлика две до три години.

Новиот пристап се базира на природните одбранбени механизми на мозочните клетки. Кога вирусот навлегува во ќелијата доаѓа до формирање на вирусни протеини. Клетки реагираат така што го прекинуваат производството на речиси сите протеини, со цел да го спречат ширењето на вирусот.

Многу невродегенеративни заболувања вклучуваат производство на штетни протеини кои активираат иста одбрана, но со многу повеќе штетни последици. Клетки може да го прекинат производството толку долго што на крајот и самите не изумираат. Овој процес може да го уништи способноста на движење, меморијата, и во зависност од болеста и да предизвика смрт.

Во првата студија, научниците беа во можност да го спречат активирањето на механизмите за одбрана и да ја забават прогресијата на прионска болест кај глувци, што беше прв случај некоја невродегенеративна болест да биде запрена кај животни.

Продолжетокот од истражувањето покажа дека овој пристап може да го запре целиот спектар на дегенеративни заболувања. Експертите го опишуваат откритието како “пресвртница” во областа, и покрај тоа што активната супстанција е штетна за панкреасот, пишува Би-Би-Си.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,231од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.