Во секоја смоква има мртва оса?

Смоквата е всушност цвеќе кое расте навнатре па се формира плод, а за опрашување е потребна оса.

Иако смоквата често се нарекува кралица на медитеранското овошје, таа технички спаѓа во категоријата на цвеќиња, а начинот на нејзиното создавање е истовремено фасцинантен и застрашувачки.

Научниците објаснуваат дека смоквите се превртени цвеќиња, а нејзиното дрво не цвета како на пример јаболкница или праска. Нејзините цветови цветаат во внатрешноста на крушковидната капсула, која подоцна дозрева во овошје кое го конзумираме.

Тоа не е единствено нешто по кое смоквите се единствени.

Бидејќи смоквата се развива навнатре, потребен е специјален процес на опрашување, бидејќи не може да се потпре на ветар и пчели, па тука настапуваат осите. Смоквата не може да преживее без тие оси кои го шират нејзиниот генетски материјал, а осите пак не можат да живеат без смокви бидејќи таму ги одлагаат своите ларви. Женката оса влегува во машка смоква, патем кажано, ние не јадеме машки смокви.

Крилјата на женката оса и нејзините пипала се кршат додека влегува во малиот отвор на смоквата од долната страна, па кога еднаш ќе влезат, никогаш повеќе не можат да излезат. Женката тука игра најголема улога во опрашувањето донесувајќи полен во внатрешноста на смоквата.

Откако осата ќе умре во внатрешноста на смоквата, таа се разградува, и без разлика на тоа колку ова лошо звучи, нужно е во процесот за создавање на вкусна смоква, а веганите после ова сознание, треба уште еднаш да размислат дали и натаму ќе конзумираат смокви.