(ВИДЕО) Персонализиран „пејсмејкер на мозокот“: Откриен уред кој вграден во мозокот лекува тешка депресија

Што е „пејсмејкер на мозокот“ и како функционира? Објаснувањето го даваат научниците од Универзитетот во Калифорнија.

Депресијата може да биде застрашувачка состојба. За среќа, истражувачите низ целиот свет постојано работат на нови опции за лекување, како што е новодизајнираниот имплант на мозокот.

Речиси една третина од луѓето со депресија не реагираат или стануваат отпорни на лекови. За нив, иднината е нешто мрачно.

Тоа ѝ се случило на Сара (36), која имала тешка депресија отпорна на лекување уште од детството. Но, новата интервенција ѝ дала значително олеснување и им влеала надеж на многумина како неа.

Персонализиран „пејсмејкер на мозокот“

„Стоев на крајот од редот“, вели Сара, која побарала да се идентификува само по име кога се пријавила да учествува во истражувањето како волонтер.

“Бев во голема депресија. Не се гледав себеси како продолжувам понатаму. Мислев дека немам живот што вреди да се живее”.

За среќа, Сара била избрана да учествува во студија спроведена од Невронаучниот истражувачки тим на Универзитетот во Калифорнија, Сан Франциско (UCSF); проектот на тимот беше да ги испита методите за длабока стимулација на мозокот кои потенцијално би можеле да ги ублажат симптомите на депресија.

Иако идејата за вградување на мал уред во мозокот за некои звучи застрашувачки, длабоката мозочна стимулација во минатото имаше успешни резултати со други болести, како што се Паркинсонова болест и епилепсија.

Но, депресијата е многу посложена од која било од овие болести.

Сепак, тим од Универзитетот во Калифорнија направил значајна промена во овој тип на терапија.

Истражувачите следеле каде е појавена депресијата во мозокот на Сара. Тие идентификувале биомаркер, во овој случај специфичен модел на мозочни бранови и го искористиле да персонализираат уред кој ќе го стимулира мозокот само кога е изразен биомаркерот.

Тимот постави еден електроден проводник во пределот на мозокот каде што беше пронајден биомаркерот, а другиот каде што беше „депресивното коло“ на Сара. Откако ќе се вметне, првата електрода открива биомаркер, а втората произведува мала количина електрична енергија за шест секунди, длабоко во регионот на мозокот.

„Овој успех сам по себе е неверојатен напредок во нашето знаење за функцијата на мозокот што е во основата на менталните болести“, изјавиле наунниците.

Навистина мора да нагласиме дека овој нов, успешен резултат досега е постигнат само кај еден пациент. Имаше многу други студии кои се занимаваа со длабока стимулација на мозокот, кои не дадоа резултати.

Но, за Сара, промените беа огромни.

„Во првите неколку месеци, намалувањето на депресијата беше толку ненадејно и не бев сигурна дали ќе трае“, рече таа.

„Тоа не беше така. Сфатив дека уредот навистина ја подобрува терапијата “, додала Сара.

Стимулацијата на мозокот само кога се појавуваат симптоми – или во овој случај биомаркери – е нов начин за користење длабока стимулација на мозокот во депресија. Во претходните студии, стимулацијата се правеше континуирано во претходно поставени интервали, а не кога ќе се појави специфична депресивна активност на мозокот.

Овој биомаркер најверојатно не е универзален, што значи дека истражувачите ќе мора да најдат индивидуална верзија за секој пациент за да имаат резултати.

Истражувањето е објавено во списанието „Nature Medicine“.

Поддржете ја нашата работа: