НАСА одреди нов датум за обид за лет околу Месечината

pixabay

Американската Национална воздушно-вселенска администрација – НАСА одреди нов датум за обид за лансирање на мисијата „Артемис 1“. Тоа е 14 ноември.

НАСА, се предвидува, ќе се обиде да ја лансира својата ракета „СЛС“ и вселенското летало „Орион“ на патување без екипаж околу Месечината. Временската рамка за лансирање ќе трае 69 минути, а доколку НАСА мора повторно да се откаже, ќе има и два „резервни“ датума – 16 и 19 ноември.

Поради проблеми со моторот, првиот обид за лансирање на 29 август, не успеа, а потоа неколку дена подоцна лансирањето беше оневозможено поради истекување гориво. НАСА ги врати „СЛС“ и „Орион“ во нивниот објект поради опасност од ураганот Ијан.

Ако сѐ оди според планот, ракетата ќе биде на лансирната рампа веќе на 4 ноември.

Мисијата „Артемис 1“ е дел од програмата „Артемис“ чија крајна цел е праќање на луѓе на Месечината. За време на првата мисија „СЛС“ и „Орион“ ќе направат заобиколување околу нашиот природен сателит, втората ќе биде изведена со екипаж, а третата предвидува екипаж и слетување со луѓе на површината на Месечината.

enauka.mk
9,253наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,109денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.