Алкалод АД Скопје започнува интензивна соработка со домашните факултети

Денес ( 25.04.2018 ) на прес конференцијата одржана во просториите на ,,Алкалоид АД Скопје” официјално беше потпишан меморандум за соработка помеѓу ,,Алкалоид АД Скопје”, ,,Фармацевтскиот Факултет” и ,,Институтот за хемија” на ,,Природно-математичкиот Факултет”, факултети во состав на  универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј”.

Меморандумот се однесува на соработката по програмата за практикантство што предвидува практикантски обуки за 10 – 15 студенти од трета и четврта година со почеток од јуни оваа година.

Целта е да се поттикне развојот на креативноста кај студентите, нивното лично и професионално профилирање, како и подготвеноста за соочување со идни професионални предизвици.

На настанот присуствуваа: Проф. Ицко Ѓорѓовски, декан на Природно математичкиот факултет, проф. Светлана Кулеванова, декан на Фармацевтскиот факултет, Проректорката за финансии на УКИМ, проф. д-р Билјана Делова, како и бројни новинари.

“Целта на овој Меморандум за соработка за програмата за практиканство е да се поттикне развојот на креативноста кај студентите, нивното лично и професионално профилирање, како и подготвеноста за соочување со идни професионални предизвици.

Со овој проект ние како компанија, во соработка со највисоките научно-образовни институции во земјава, сакаме да им овозможиме на младите, талентирани и амбициозни студенти стекнување и практикување на нови вештини во реални процеси во рамки на компанијата” – рече генералниот директор и претседател на управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Муакетов.

Проф. Светлана Кулеванова, декан на Фармацевтскиот факултет во Скопје рече дека практичната обука на студентите е од големо значење, особено кога тоа се случува во реалниот сектор, со цел студентите да проверат колку од она што го стекнале како знаење за време на студиите може понатаму да го применат.

„Идејата и на компанијата и на нас како наставен кадар е да ги задржиме нашите млади луѓе, а ова е добра можност тие потоа полесно на пазарот на труд да го најдат своето место“, додаде проф. Кулеванова.

Алкалод АД Скопје и со овој нов потег покажува дека е сериозна и општествено одговорна компанија која настрана од бизнис интересите се грижи и за професионалниот развојот на младите кадри и студенти како и за нивна брза инклузија во македонското стопанство.

Поддржете ја нашата работа: