Амазон планира да изработува домашни роботи

Во лабораторијата на “Амазон”, Lab126 во Санивејл, Калифорнија, настанаа проекти како Kindle, Amazon Fire таблети, ТВ стикови, и Echo паметни звучници – сите за продажба на оваа компанија.

Сега пак, истите експерти работат на развој на нова технологија која би требало во домот на обичниот граѓанин да доведе роботски асистенти.

Во “Амазон”, под проектот наречен “Vesta” експертите веќе работат на роботи кои како што автономните возила сами функционираат, така овие роботи ќе се движат по вашите домови. Компанијата неодамна објави низа огласи за отворени работни места во областа на роботиката, и тоа во погонот на Lab126.

Проектот “Vesta” треба да изработи роботи кои автономно ќе можат да с движат по вашиот дом и ќ служат како мобилни паметни звучници, а ќе бидат опремени со компјутерска технологија за подобро снаоѓање.

Така нивните сопственици би можеле да ги повикуваат од друга соба за да направат одредена задача, но освен функциите кои засега се достапни, како на пример Alexа, не е познато какви нови функции дополнително ќе извршуваат новите роботи.

Првите роботски куќни помошници во продажба се очекува да пристигнат од 2019та година.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,230од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.