Сексот со роботи како нормална појава?

Во следната половина на овој век, луѓето регуларно ќе бидат вклучени во сексуални активности со роботи, а можеби и ќе се вљубуваат во нив – вели Хелен Дрискол, психолог од Универзитетот во Сандерленд, Велика Британија.

Нејзиниот коментар доаѓа во време кога се дискутира за технолошкиот напредок со кој куклите за секс стануваат поинтерактивни од кога било порано претставувајќи ја иднината злокобно слична на онаа на Жоакин Феникс во филмот „Таа“, каде главниот јунак се вљубува во оперативен систем од својот компјутер (гласот е на Скарлет Јохансон, па кој би можел да му замери).

И можеби на прв поглед ова изгледа далечно, но всушност веќе се случува. Порно индустријата наголемо вложува во снимање порно филмови со виртуелна реалност. Тие се снимаат од гледна точка на актерот, а на гледачите им овозможува да го истражуваат и разгледуваат филмот преку користење на различни системи за виртуелна реалност што се носат на глава, како „Google cardboard“ или „Oculus Rift“, и да се чувствуваат како да се навистина таму.

Фирмата „VirtualRealPorn“ дури и ги подигна работите на повисоко ниво влегувајќи во партнерство со компанијата за секс-играчки „Lovsense“. Идејата е да им се овозможи на луѓето да бидат „интимни“ со некоја од секс-играчките, а ќе бидат активирани како одговор на порното во виртуелна реалност што го гледаат, практично симулирајќи секс.

Иако во моментов можеби ова изгледа прилично морничаво, Дрискол верува дека агресивниот напредок на технологијата во следните децении ќе го направи ваквото однесување прифатлив тренд. Всушност, таа смета дека ова не се разликува многу од денешните онлајн врски, кои често се одвиваат без паровите да се сретнат лице-в лице

„Не треба автоматски да претпоставиме дека виртуелните врски се помалку вредни од реалните. Факт е дека луѓето веќе се вљубуваат во фиктивни ликови, иако не постои можност да се сретнат и да комуницираат со нив. А бидејќи некои луѓе почнуваат да преферираат технолошки понапреден виртуелен секс од секс со луѓе, ќе видиме и се поголем број на луѓе кои живеат сами и поминуваат повеќе време во виртуелната реалност.

Недостатокот од човечки допир може да биде штетен за многу луѓе. Со осаменоста се поврзани цела низа физички и емоционални проблеми. „Но со текот на времето, со технологијата може да се надминат овие проблеми, со роботи кои изгледаат и се однесуваат многу слично како и луѓето“ – вели Дрискол.

Во меѓувреме, забавувајте се со видеото во кое луѓето за прв пат се сретнуваат со порно во виртуелна реалност. Иднината изгледа ….светла?

Поддржете ја нашата работа: