Американците планираат да вкрстуваат луѓе со животни?

Федералната влада на САД објави дека планира да ја укине забраната за финансирање на контроверзни експерименти кои користат човечки матични клетки за да создадат животински ембриони.

Националниот институт за здравје предлага нова политика за да им дозволи на научниците да добијат федерални пари за да создаваат ембриони, познати како химери (полуживотински – получовечки ембриони), но под одредени и внимателно следени услови.

Националниот институт за здравје воведе мораториум за финансирањето на овие експерименти во семптември минатата година бидејќи тие можат да покренат етички проблеми.

Еден од тие проблеми е можноста научниците да создадат животни кои имаат делумно човечки мозоци, со што ќе им се овозможи да имаат некаков привид на човечка свест или способност за размислување како човекот. Или пак дури и можност тие животни да развијат човечки сперматозоиди и јајце клетки, и да се размножуваат, со што ќе се произведуваат човечки ембриони или фетуси во животните или хибридните суштества.

Но, научниците тврдат дека може да се преземат чекори за да се спречат овие резултати, а тие ембриони да обезбедат непроценлива алатка за медицински истражувања.

Така на пример тие се надеваат дека ќе ги користат ембрионите за да создадат животински модели на човечките болести, што би можело да доведе до нови начини за третирање и спречување на болестите. Научниците исто така се надеваат дека ќе произведат овци, свињи и крави со човечко срце, бубрези, црн дроб, панкреас, а можеби и други органи кои може да се користат за трансплантација.

Некои научници се воодушевени од тоа што Националниот институт за здравје ќе размисли за финансирањето на ваквиот вид на истражувања, но се разбира некои го критикуваат и осудуваат овој чекор.

Јавноста има рок од 30 дена за да коментира и да го изложи своето мислење за оваа ново предложена политика. Националниот институт за здравје би можел да започне со проекти за финансирање уште на почетокот на 2017 година.

Ивор: „ BLACKLISTEDNEWS“.

Поддржете ја нашата работа: