Антички микроби оживеани во Мексиканските пештери

СПОДЕЛИ

Научниците извлекле стари микроби од внатрешноста на познатите џиновски кристали во пештерите на планината Наика во Мексико, а потоа ги оживеале.

Организмите останале затворени во гипс најмалку 10 илјади, а веројатно и до 50 илјади години, поставувајќи уште еден пример на способност животот да се адаптира и во непријателско опкружување.

Пронајдените организми се многу необични и немаат „роднини“ во постоечките генетски бази на податоци, открива Пенелопе Бостон, директор на Институтот Астробиологија на НАСА во Калифорнија.

Длабоко закопаните пештери на Наика ги откриле рударите пред 100 години во потрага по сребро и други метали. Тие пештери се доста интересни за научниците поради таканаречените екстремофили, микроби кои можат да преживеат и во невозможни услови.

Атмосферата во пештерите е многу топла, меѓу 40 и 60 степени Целзиусови, а исто така е влажна и кисела. Во нив нема светлина, а секој организам кој сака да преживее мора да биде способен да опстане на камените минерали.

Научниците веќе ги идентифицирале микробите кои живееле на ѕидовите од тие пештери, но нивната изолација од по неколку метри должина на кристалите е големо изненадување.

content-1487433748-gypsum-209991

Др. Пенелопе Бостон од НАСА заедно со колегите ги отвориле кристалите кои се создавале милиони години и во нив пронашле бактерии и прабактерии кои ги реанимирале во своите лаборатории.

Постоела голема загриженост дека овие организми се резултат на контаминација од страна на рударските операции, но Бостон тврди дека се поминати сите протокли.

Дискусија

Коментари