Археплозите од Израелската управа за антиквитети кои работаат на ископување на Давидов град, откриле докази дека Вавилонците го запалиле градот пред повеќе од 2.600 години.
Меѓу бројните артефакти кои се откопани во националниот парк Давидов град, ахеолозите пронашле остатоци од јагленисано дрво, семки од грозје, грнчарија, крлушки од риби и коски, кои датираат од времето кога градот бил уништен од Вавилонците.
Ова откритие ја потврдува сцената од Библијата според која „Вавилонците ги запалиле сите куќиви Ерусалим“.
„Ископувањата покажуваат дека Ерусалим се проширил надвор од линијата на ѕидот на градот, пред уништувањето“ – велат водачите на истражувањето, Ортал Шалаф и др. Џо Узил.
Од пронајдоците кои го отсликуваат изобилството и карактерот на древниот Ерусалим, главниот град на Јудејското кралство, биле откриени десетици ќупови кои биле користени за чување жито и течности. На многу од нив има рачки со печат од розета.
„Вакви печати се карактеристични за крајот од периодот на Првиот Храм и биле користени во рамките на административниот систем кој бил развиен пред крајот на Јудејската династија. Розетата во суштина била замена за жигот „За кралот“, кој се користел во претходниот административен систем“- велат истражувачите.