Глинениот „таблет“ откриен во 1900-тите години од страна на америчкиот археолог и дипломат Едгар Банкс во јужен Ирак долго време беше анализиран и проучуван од научниците, меѓутоа се до сега немаше компромис помеѓу експертите зa тоа за што е точно употребуван.
Глинениот „таблет“ заведен како „Plimpton 322“ во последното истражување направено од Австалискиот универзитет во Сиднеј открива дека учебниците по математика се погрешни кога велат дека античките грци се татковците на тригонометријата и дека вавилонците илјадници години пред нив имале развиено тригонометрија на која можат да им позавидат и денешните математичари.
3700 години стариот „таблет“ според доктор Даниел Мансфилд (Daniel Mansfield) представува тригонометриска таблица која користи до сега непозната тригонометрија базирана на размери наместо на кругови и агли.
Интересно е што во вавилонската тригонометрија наместо денешниот декаден систем кој се базира на бројот 10 во нивната тригонометрија главниот број е 60 , истиот број што го користиме ние при мерење на времето. Бројот 60 е користен бидејќи овозможува поголем број на прецизни поделби од бројот десет.
Погледнете ги видеата во прилог за нештата да ви станат појасни: