Аукција на првиот компјутер на „Apple“

Првиот компјутер изработен од компанијата „Apple“ е ставен на аукциска продажба. Овој компјутер наречен „Apple 1“ се појави во 1976 година и се продаваше по цена од 666,66 долари.

Аукцијата се води преку платформата „Charitybuzz“, а најголемата понуда моментално изнесува неверојатни 500.000 долари, но се очекува сумата двојно да се зголеми до завршувањето на аукцијата во четврток.

Се смета дека се изработени само околу 200 „Apple 1“ комјутери, од кои 175 се продадени, а 70 денес ги поседуваат „Apple“ ентузијасти.

Овој модел се верува дека е еден од првите комјутери што се всушност рачно изработени од Стив Џобс и Стив Возниак, поради што и се очекува конечната цифра да достигне ваков неверојатен износ.

Вознијак го опишува овој комјутер како посебен, бидејќи електронски плочи од овој тип некогаш не биле јавно продавани – што го прави прототип или пред-производна единица.

Па, кој сака да даде понуда има време до четврток!

Поддржете ја нашата работа: