Австралија ја намали употребата на пластични кеси за 80% во три месеци

Australian National Retail Association има добри вести. Австралија повторно направи нешто неверојатно добро. Падот на потрошувачката на пластични кеси не е резултат само на државната политика, туку и добро извршената деловна одлука.

Овој пресврт во голема мера се должи на двата најголеми синџири на супермаркети, Coles и Woolworths. Тие одлучија да ја спроведат националната забрана за бесплатни лесни пластични кеси во јули оваа година. Имено ги замениле кесите за еднократна употреба со повеќенаменски кои чинат 15 центи.

“Малопродажните синџири заслужуваат пофалба, бидејќи ја покренаа една од најзначајните промени во однесувањето на потрошувачите. Ние исто така ги поздравуваме купувачите бидејќи ја прифатија еколошката иницијатива”, вели Дејвит Стаут од Националната асоцијација за малопродажба.

Фазата на елиминирање на лесни пластични кеси се спроведува на регионално ниво. Забраната на пластични кеси е поставена или чека да биде усвоена во повеќето држави и територии, освен во источниот дел на Нов Јужен Велс.

Според статистичките податоци, земјите на источна Азија, Кина, Индонезија, Филипини, Виетнам и Тајланд се главни производители на пластичен отпад кој на крајот завршува во океаните.

Кина е најголемиот производител на пластичен отпад. Заедно со Индонезија се најголем извор на загадување со пластични шишиња, пластични кеси и останат отпад. Овие податоци може да ги проследите тука.

За среќа, како што овие податоци покажуваат, постои причина за оптимизам бидејќи можат да се случат значајни промени.

Поддржете ја нашата работа: