Боинг ќе истражува беспилотни авиони

Боинг се спрема смело да зачекори во светот каде патничките авиони летаат без пилот, и има план да ја тестира новата технологија веќе наредната година.

Денешните патнички авиони можат да полетаат, крстарат и слетаат користејќи своја вградена компјутерска технологија, а бројот на пилотите на стандардните летови падна од три на два со текот на годините.

Бројот на вработени во Боинг падна на околу 145.000 на крајот на мај, што е намалување од 30.000 од 2012 година, и покрај тоа што се ангажираа 11.000 нови работници минатата година.

”Ова можеби звучи како нешто од не така блиска иднина, но веќе сега е возможно да се купат автоматизирани дронови за не така висока цена. Тоа значи дека основните елементи од оваа технологија се веќе достапни”, вели Мајк Синет, потпретседател на Боинг за развој на производот.

Синет, кој и самиот е пилот, планира да ја тестира новата технологија во кокпит симулаторот ова лето и вели дека следната година ќе лета авионот во кој вештачката интелигенција ќе донесува одлуки кои досега ги донесуваа пилотите.

Беспилотните авиони ќе мораат да ги почитуваат сигурносните стандарди на воздушниот сообраќај, но пред тоа ќе мора да ги убедат регулаторите кои сеуште не знаат како ќе ги центрираат леталата без пилоти.

Авиокомпаниите ја поддржуваат оваа идеја, делумно поради тоа што им треба помош со предвидената потреба за 1,5 милиони нови пилоти во следните 20 години, додека глобалната побарувачка од воздушен сообраќај продолжува да расте.

enauka.mk
9,246наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,515денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.