Брод на соларна енергија се подготвува за пат околу светот

„Energy Observer“ е првиот брод кој би требало да заплови користејќи исклучиво  обновливи извори на енергија и водород.

Овој 30-метарски катамаран моментално се наоѓа во бродоградилиштето во Сен-Мело на западниот брег на Франција каде се прават подготовки за инсталација на соларните панели, ветерните турбини, ако и опремата за електролиза што ќе ја разложува водата за да се добие водород за гориво.

Се планира бродот да заплови околу светот следниот февруари. На својот пат, кој би требало да трае шест години, бродот ќе направи 100 попатни запирања.

Бродови кои го користат ветерот пловат со милениуми, но „Energy Observer“ ќе биде првиот брод кој целокупната своја енергија ќе ја генерира од сонцето, ветерот и од процесите на електролиза, без дополнителни извори на енергија.

Извор:„Guardian“

Поддржете ја нашата работа: