НАСА успешно го тестираше моторот RS-25 кој ќе биде задолжен да ја турка новата масивна ракета на НАСА која треба да не однесе до Марс.

Ракетата уште позната како SLS  „massive Space Launch System (SLS) deep-space rocket“ практично ќе биде придвижувана од 4 RS-25 главни мотори кој заедно со другите 5 сегментни бустери ќе ги однесат астронаутите до нови откритија.

Ова е трета успешна проба на RS-25 ракетните мотори на НАСА, а ќе има и уште три во наредните месеци – сите во рамките на подготовките за моментот кога ќе се комбинираат четири од овие чудовишта и ќе лансираме кон Марс.

“SLS ќе биде најмоќната ракета која некогаш била изградена “, изјави вселенскиот астронаут Rick Mastracchio за печатот на настанот, кој се одржа во Вселенскиот центар Stennis во Мисисипи.

Можете ли да замисите колку ќе биде голема и силна ова ракета ?

Само за илустрација : Нејзините 5 сегменти се високи колку 20 катна зграда и ќе согоруваат неверојатни 5 тона гориво во секунда што треба да и даде на ракетата 1,6 милиони тони потисок за да може да полета

meet-rocket

 

 

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt