Дали е пронајден лек против стареењето?

Извршната директорка на компанијата „Bioviva USA Inc“, Елизабет Периш, вели дека е првиот човек кој успеал да се подмлади, благодарение на експерименталната генска терапија што ја спроведува нејзината компанија.

Во 2015 година, Периш била подложена на генска терапија – една наменета да го спречи намалувањето на мускулната маса што е својствено за стареењето и втора наменета да се бори против намалувањето на матичните клетки како последица на болестите поврзани со стареењето.

Ако овие резултати се потврдат, ова ќе биде првата успешна демонстрација на продолжување на теломерите кај некој човек.

„Од сегашните третмани, лицата кои страдаат од болестите поврзани со стареењето имаат само мала корист. Покрај тоа, промената на начинот на живот има ограничено  влијание во лекувањето на овие болести. Напредокот во биотехнологијата е најдоброто решение, па ако овие резултати се и приближно точни, ние сме направиле историја“- нагласува Периш

Периш се сложува дека се потребни уште истражувања со цел да се потврдат овие методи. Меѓутоа, ако се потврди, овој труд ќе биде револуционерен.

Како функционираат теломерите?

telomeresТеломерите претставуваат кратки сегменти на ДНК кои се наоѓаат на краевите на секој хромозом. Тие делуваат како амортизери на оштетувањата при природните процеси на стареењето. Но, со континуираната делба на клетките, теломерите со време стануваат премногу кратки за да ги штитат хромозомите. Ова предизвикува клетките да функционираат неправилно и води до стареење.

Успешноста на генската терапијата на Периш е поврзана со резултатите од теломерите – кои се пресметуваат врз основа на должината на теломерите на белите крвни клетки (Т-лимфоцитите). Повисок резултат на теломерите значи „помлади клетки“. Во споредба со просечните Т-лимфоцити на американската популација на иста возраст, 44-годишната Периш тврди дека генската терапија на која била подложена функционира и покажува дека се анулирани 20 години од нормалното скратување на теломерите.

Важно е да се напомене дека резултатите допрва треба да бидат потврдени од независно тело, а  „Bioviva“ внимателно ја мониторира крвта на Периш, што ќе продолжи и во наредните месеци, па дури и години, за да бидат сигурни дека успехот што е постигнат кај леукоцитите може да се одрази и на другите ткива и органи во телото или поедноставно, дали ефектите можат безбедно да се реплицираат и кај други луѓе.

Поддржете ја нашата работа: