Дали новата Фолцваген Буба ќе биде револуционерна?

Дали вака ќе изгледа најновата Фолцваген Буба?

Производителот на овој автомобил ги објави овие слики, со кои ќе учествува на саемот за автомобили во Париз кој започнува од денес (29 септември 2016 година). Иако во текстот не е откриено името на овој нов концепт, силно се навестува дека ова ќе биде новата Буба.

Имено, во документите испратени по електронска пошта на медиумите, папката со новите слики е именувана „Beetle“, по што можеме да заклучиме дека овој нов електричен автомобил со четири врати, кој воедно ќе ја користи новата модуларна платформа на Волцваген, е новата визија за Фолцваген Буба.  

1475076844-syn-pop-1475074025-db2016au00758

1475076849-syn-pop-1475074125-db2016au00760

„Ова возило е револуционерно исто како што беше Бубата пред седум децении“, се вели во краткиот опис на Волцваген. „Овој автомобил со својот комплетно нов концепт има потенцијал да влезе во историјата“.

1475076856-syn-pop-1475074259-db2016au00759

Времето ќе покаже дали навистина ќе биде револуционерна како и оргиналот.

Поддржете ја нашата работа: