Единаесет годишно момче од Велика Британија постигнало подобар резултат на IQ- тест од Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг.
Границата за „генијалност“ е поставена на 140, а 11-годишниот Арнав Шарма од Рединг на исклучително тешкиот Менса тест постигнал 162-највискиот можен резултат.
Неговиот резултат е за два бода подобар од оној што своеверемено го постигнал Алберт Ајнштајн, како и Стивен Хокинг.
Со овој резултат Арнав се вројува во првите еден отсто од нацијата во однос на нивото на интелигенција.
„Менса тестот е навистина тежок и многу луѓе не можат да го поминат, па ни јас не очекувам да поминам“– изјавил Арнав пред тестирњето.
Арнав, кој има индиско потекло го полагал тестот без никакви подготовки и претходно немал видено како изгледа еден ваков тест.
Тестот траел два и пол часа, а Арнав тврди дека не бил нервозен пред полагањето.
„Немав никакви подготовки за тестот, но не бев нервозен. Во моето семејство беа изненадени, но и многу среќни кога им го соопштив резултатот“– изјавил Арнав.