Момците од „Britlab“ направиле експеримент, за да видат колку може да издржи човек закопан жив во ковчег.
Како што може да се види во видеото, волонтерот Грег, ќе биде затворен во ковчег покриен со прозирен капак низ кој не може да влегува воздух. Тој го има само воздухот кој се наоѓа внатре во ковчегот откако ќе биде затворен. Се разбира целиот процес е контролиран од доктор. Со помош на посебен уред се мери нивото на кислород во крвта на Грег и составот на гасовите во ковчегот.
Се забележува дека капакот почнува да се замаглува заради кондензацијата, додека концентрацијата на CO2 во ковчегот сѐ повеќе му го отежнува дишењето на Грег. Борејќи се да излезе, вели Грег, состојбата само се влошува, затоа што така троши уште повеќе кислород.
Докторт решава да го ослободи Грег пред да станат работите посериозни, но проценува дека човек што се обидува да излезе од запечатен ковчег би преживеал околу шеесет минути.