ЕНаука.мк на второ место – Сајт на годината 2015

Драги читатели,

Со голема радост сакаме да споделиме убава вест за ЕНаука.мк

На овогодинешното доделување на наградите во рамки на манифестацијата „Сајт на годината“, која по шести пат се одржува во организација на „Media Solutions“, благодарение на Вашите гласови и поддршка, ЕНаука.мк го освои второто место во категоријата: Образование, Наука и Култура.

Photo0390

Тимот на ЕНаука.мк максимално се труди да обработи и преведе квалитетна содржина која едукативно ќе го одземе Вашето скапоцено време.

2

Оваа награда за нас претставува доказ дека ЕНаука.мк има верни читатели, а воедно наградата ни даде уште поголема мотивација и поттик за градење нови вредности кои ги заслужува општеството.

Ви Благодариме за довербата и поддршката.

Во продолжение можете да ја погледнете галеријата од доделувањето на наградите.

Со Почит
Тимот на ЕНаука.мк

Галеријата е преземена од официјалната фејсбук страница на организаторот Сајт на Годината powered by MediaSolutions.

Поддржете ја нашата работа: