Генска терапија која ги уништува алергиите со еден третман

Сериозните алергии можат да се излечат со генска терапија, вели новата студија, објавена во списанието JCI Insight. Научниците тврдат дека можно е, само еден третман да не заштити од сериозни алергии, како што е астмата, во текот на целиот живот.

Тимот од експерти, кој ги водел лидерот на студијата Реј Стептој, од Универзитетот Квинсленд во Австралија, успеале кај животни да го исклучат имунолошкиот одговор кој предизвикува алергиска реакција.

Професор Стептој вели дека, кога е некој алергичен и има астма или црвенило, симптомите се резултат на реакција на имунолошките клетки на протеинот во алергенот. Овие имунолошки клетки, наречени Т-клетки, развиваат облик на имунолошка меморија и стануваат доста отпорни на достапните третмани. Сега можеме да ја избришеме меморијата на Т-клетките кај животни со генска терапија, со цел да го направи имунолошкиот систем на тој начин да го толерира протеинот.

Во лабораторија, научниците зеле матични клетки од крвта и вбризгале ген кој го регулира протеинот во алергенот, по што се вратени на донаторот. Овие добиени клетки со генетски инженеринг, произведуваат нови крвни клетки кај кои што изостанува алергиската реакција.

Д-р, Стептој вели дека евентуалната цел од постапката ќе биде една инјекција во вид на генска терапија која ќе ги замени краткотрајните третмани кои се насочени кон симптомите на алергија со различен степен на ефикасност.

“Ние се уште не стигнавме до точка да се биде едноставно како вакцинација при грип, и сега работиме на тоа да се направи процесот полесен и побезбеден за широка употреба. Овој пат, целната популација се лица кои имаат астма или потенцијално фатални алергии на храна “, вели професорот Стептој.

Поддржете ја нашата работа: