Германската „Isar Aerospace“ лансираше ракета во орбита од Норвешка

Германската компанија „Isar Aerospace“ објави дека нејзината ракета „Spectrum“ успешно достигнала орбита по лансирањето од космодромот Андоја во северна Норвешка. Со тоа, според компанијата, приватно развиена ракета за првпат стигнала до орбита од континентална Европа.

Двостепената ракета, долга 28 метри, полетала во саботата нешто по 20:00 часот по Гринич. Околу десет минути по почетокот на мисијата „Onward and Upward“, видео-преносот бил прекинат откако леталото ја надминало максималната далечина за одржување врска.

„Spectrum“ е наменета за транспорт на цивилни и воени сателити во ниска орбита околу Земјата, на височина од неколку стотици километри. Ракетата може да носи товар од околу една тонна, а компанијата планира во фабриката во близина на Минхен да произведува повеќе од 30 ракети годишно.

Лансирањето следува по повеќемесечни одложувања поради технички и безбедносни прашања. При пробниот лет во март 2025 година, ракета „Spectrum“ се вратила кон Земјата и експлодирала.

Успехот е важен за европските напори да развијат поевтин и понезависен пристап до вселената. Берлин планира до 2030 година да вложи 35 милијарди евра во проширување на своите вселенски капацитети, во време кога европските земји настојуваат да ја намалат зависноста од американските системи за лансирање.


НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,235од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.