Глувонемите ќе може да зборуваат

Овој јазик на гестови, сега е надграден со технологиите од 21-виот век. Саудиската дизајнерка и медиумски уметник, Хадел Ајиб (Hadeel Ayoub), создала паметна ракавица која ги препознава движењата на рацете и ги претвора во видлив текст или говор.

Слично како што со „Google Translate“ веднаш се добива основен превод на странски јазик, и оваа ракавица е дизајнирана да помогне знаковниот јазик да стане разбирлив за луѓето што не го познаваат.

Пет флексибилни сензори се поставени на прстите кои го пратат движењето на прстите, додека во самиот материјал е поставен акцелерометар кој распознава како се држат рацете и во кој правец се насочуваат. Во три последователни прототипови, ракавицата е направена потенка, полесна и побрза, а последната верзија има чип со кој текстот се претвора во говор.


Ајиб исто така има креирано и компјутерска апликација за прикажување на зборовите и речениците на мал екран, а понатаму сака да создаде и мобилна апликација за да може истиот ефект да се види и на паметен телефон или таблет. Кога ќе се вгради „Wi-Fi“, што е планирано за следниот прототип, ракавицата ќе може да се користи и за праќање пораки и имејл, а со додавање на контролор на движењата ќе се зголеми и нејзината прецизност.

Иако и други истражувачи имаат работено на слични проекти во минатото, Ајибвели дека нејзината иновација е најлесна и најпрактична досега. Таа планира и верзија за деца, а исто така сака да направи и можност за користење на повеќе јазици, за да може лицата кои зборуваат со знаковен јазик да комуницираат на кој јазик сакаат.

Како напредува проектот може да се следи на нејзиниот блог.

Поддржете ја нашата работа: