Хартиена батерија која се напојува од бактерии

Научниците развиле батерија која се напојува од бактерии, на само едно парче хартија и велат дека претставува евтин извор на енергија за медицинските сензори.

Хартиената батерија може да се преклопува и е последниот пример на био-батерии, кои ја складираат енергијата произведена од органски соединенија. Во овој случај, енергијата е произведена од чест вид на бактерија која се наоѓа во отпадните води.

Едноставните компоненти кои се потребни за да се направи ваква батерија ја прават лесно достапна во оддалечените делови на светот и на местата каде што мрежната електрична енергија или конвенционалните батерии не се достапни.

Количината на прозведената енергија зависи од тоа колку хартија имате и од начинот на кој се преклопува. Научниците успеале да генерираат 31,51 микровати енергија на 125,52 микроампери со 6 батерии (три батерии преклопени на други три) и 44,85 микровати на 105,89 микроампери.

Тие истакнуваат дека енергијата е променлива во зависност од начинот на кој ќе ги преклопите батериите, неусогласеноста или празнините меѓу нив.

138239467-battery-2

Во моментов, би биле потребни милиони хартиени батерии за да се произведе доволно енергија за да се напојува една сијалица од 40 вати, што значи дека оваа технологија нема да биде решение за напојување на конвенционалната електроника во скоро време, бидејќи се’ уште е потребна многу работа за да се произведе повеќе енергија.

Но, научниците велат дека батеријата произведува доволно енергија за напојување на едноставни биосензори кои го следат нивото на глукоза кај пациентите со дијабетес или детектираат патогени кај пациентите, што би можело да доведе до брза медицинска помош во места каде што нема електрична енергија.

Истражувањето е објавено во „Advanced Materials Technologies“.

Поддржете ја нашата работа: