На една од бројните велосипедски патеки во холандскиот град Утрехт, во тек е тестирање на нов систем кој на велосипедистите ќе им овозможи што помалку да чекаат на семафор.
Системот е наречен Фло (Flo) и претставува висок син киоск на кој има екран, поставен покрај велосипедската патека. Со помош на сензори ја детектира брзината на велосипедистот на околу 100 метри пред тој да дојде до семафорот и му кажува дали треба да забрза или да ја намали брзината, за да го „фати“ зеленото светло.
Ако велосипедистот вози пребрзо, на екранот ќе се појави слика на желка, а доколу брзината е премала, ќе се појави слика на зајак.
Доколку моменталната брзина е адекватна, на екранот ќе се појави подигнат палец. Во случај сепак велосипедистот да не може да го избегне црвеното светло, на екранот се појавува слика на – крава.
Засега во Утрехт има само еден Фло-систем, но во следните два месеци градот ќе добие уште два нови. Власти на Утрехт се одлучиле за воведување на овој систем поради жалбите од велосипедистите, кои ги има во голем број, дека најмногу време губат во чекање пред семафорите.