Некои автомобили на Ауди од 2017 година ќе можат да му кажат на возачот колку долго време ќе чека на црвено светло на семафорот. Оваа нова карактеристика е дизајнирана за да го олесни протокот на сообраќајот.
Но, пред да се возбудиме, да напоменеме дека оваа опција ќе биде достапна само преку врвен пакет на дигитални додатоци и ќе биде прилично скапа – 200 долари за 6 месеци или 750 долари за 30 месеци. Покрај тоа, оваа услуга ќе биде достапна само во „избрани градови и области во метрополите ширум САД“, како што се вели во соопштението на Ауди за печатот.
Оваа технологија не е толку многу поврзана со технологијата на Ауди, како што е поврзана со пристапот до потребните информации. Автомобилите ќе комуницираат со инфраструктурата на градот и ќе добиваат информации во реално време од напреден систем за управување со сообраќајот кој ги следи семафорите. Тоа значи дека оваа опција ќе биде достапна само во градовите кои ќе ја имаат таа технологија и ќе ги стават податоците на располагање на Ауди.
Така на пример, од неодамна Сиетл склучи договор со Сименс за подобрување на системите за сообраќајните семафори, со што ќе може да се прилагоди времето на црвените и зелените светла во зависност од сообраќајните ситуации на теренот. Една компанија како Ауди би можела да го откупи својот пат до овие информации и на тој начин автомобилите да комуницираат со инфраструктурата и да знаат кога ќе се запали зелено светло на смеафорот.
https://www.youtube.com/watch?v=OUxykbfmBEg